261997624_640

Како што пишував токму вчера, развитокот на технологијата ќе доведе до создавање на вештачки органи кои ќе можат да се вградат во телото и да ја вршат оригиналната функција, така заменувајќи ги биолошките кои откажале. Вметнувањето на првото вештачко срце е изведено во 1969 година, а оттогаш медицината има постигнато неколку значајни чекори во оваа гранка.

Запознајте се со Крег Луис – човекот кој живее со вештачко срце без пулс. На Крег Луис му било вметнато вештачкото срце претходната година, откако поради некое внатрешно пореметување кое предизвикувало акумулација на не-нормални протеини, довело до тоа да кога стигнал до оперативната сала имал само 12 часа живот (и нормално, не бил свесен).

Двајца доктори во клиниката, Д-р Били Кон и Д-р Бад Фрејзер, имале интересна идеја. Тие претходниот период експериментирале на телиња со апарат кој тие го измислиле. Тие им ги ваделе природните срца на телињата, а место нив го сместувале апаратот, кој со помош на перки одржува циркулација на крвта низ телото. Телињата во следните денови не само што останале живи туку продолжиле нормално да функционираат и да прават се` што редовно прават. Затоа, двајцата доктори предложиле на жената на Крег да му вградат вакво вештачко срце за да му го продолжат животот, а таа се согласила.

Еден ден по операцијата Крег веќе разговара со докторите и има нормална функција. Единствената разлика е што сега ако го доближиме увото на неговите гради нема да слушнеме пулс туку шум од работењето на машината. Машината работи на начин што е изградена од две „комори“ кои ја протуркуваат крвта со помош на перки, така овозможувајќи постојано течение на истата и одржување на Крег во живот.

За приказната на Крег и двајцата револуционерни доктори беше создаден краток документарен филм кој можете да го погледнете тука

Во иднина треба да очекуваме 3Д печатење и вградување на секакви замени за нашите органи, вклучувајќи некои критични како срце, црн дроб, бели дробови, очи, уши, панкреас, кожа и други. Секако, тоа не значи дека треба да престанете со грижата за сопственото тело – освен ако сте милијардер кој може да си дозволи да го замени целото тело со вештачки органи.

Извор: DailyMail

Претходна статијаMicrosoft изработува сопствен уред за виртуелна реалност, ќе го претстави идната година
Следна статијаAirbnb: Сите сме капиталисти во кооперативниот капитализам?!