Microsoft HoloLens 2 е значително подобрена верзија од очилата повторно наменети за бизнисите

HoloLens 2 доаѓаат со подобрен дизајн, но уште поважно значително подобрени перформанси и можност за интеракција

Microsoft HoloLens се едни од поретките и најнапредни очила за изменета реалност. Со други зборови, ова се очила кои прикажуваат слика „врз“ вистинскиот свет којшто се гледа низ очилата. Од компанијата сликата која што се прикажува ја нарекуваат холограм.

На MWC 2019 Microsoft ја претстави втората генрација од HoloLens. Овие очила, како и првата генерација се наменети да се користат од страна на бизнисите, како на пример фабриките.

Новата генерација од очилата донесува подобрувања кои се побарани од страна на корисниците, но и се овозожени од дополнителниот напредок на технологијата во меѓувреме.

Главната промена кај овие очила е технологијата која се користи за прикажување на сликата. Истата се прикажува со подобра светлина, резолуција и најважно од се, на поголема површина.

Исто така, од Microsoft истакнуваат дека интеракцијата со прикажаната содржина е доведена до ниво на природната интеракција со вистински објекти.

Покрај овие промени, очилата имаат одредена промена и во дизајнот. Тие се нешто помали и полесни, а тука се и новите камери и друг хардвер поставени на нив.

Очилата може да се користат и за најавување на бизнис комјутерите преку препознавање на очите на корисникот.

Во продолжение одлично видео од The Verge кои имале директна шанса да ги пробаат новите очила во Microsoft.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMicrosoft ја претстави наредната генерација од Kinect сега специјално наменета за бизнисите
Следна статијаКрипто 101: Што е Tippin.me?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.