Во претходниот текст од серијалот Крипто 101 на кратко ја објаснивме една од ветувачките иновации во Биткоин светот – т.н. Lightning Network. Станува збор за second-layer решение кое овозможува малите трансакции да бидат надвор од блокчеинот (off-chain) со што се растеретува системот.

Она што е интересно е што врз база на Lightning Network се креираат разни апликации преку кои директно може да се користи технологијата. Една од најпопуларните апликации во периодов е Tippin.me (сигурно помогна и тоа што CEO-то на Твитер, Џек Дорси и фрли око).

Станува збор за релативно едноставна апликација од Серџо Абрил која овозможува корисниците на Твитер да си даваат „бакшиш“ еден на друг за споделување или креирање добра содржина. Убавината на апликацијата е што е генерално едноставна (ако претходно имаш инсталирано Lightning Network и имаш соодветен „новчаник“ и биткоини!) – станува збор за Chrome или Firefox ехтензија која додава опција за „бакшиш“ на секој твит. На овој начин ако ти се допадне одредена содржина можеш да му пуштиш „бакшиш“ на авторот – воглавно во „сатоши“ (најмалиот износ на биткоин; 1милион сатоши = 0.01 биткоин), инстант и скоро бесплатно.

Иако Tippin.me е во бета верзија, луѓето од крипто светот се возбудени бидејќи во апликацијата го гледаат потенцијалот на Lightning Network. Едноставно, благодарение на ваквата екстензија секој автор на социјалните мрежи, блогови и воопшто на Интернет добива лесен метод за собирање пари за своите содржини, без притоа да има потреба од било каков посредник помеѓу авторот и читателот. Нема потреба од банка, Paypal или Фејсбук да посредува помеѓу мене и тебе – финансиската комуникација е директна и непосредна! Секако, очигледен е потенцијалот и за бизнисите кои може да интегрираат опција за плаќање со крипто и за мали секојдневни продукти и услуги.

Повеќе детали за како функционира Tippin.me може да видите тука како и на самата веб страница на апликацијата.

Exciting!

Претходна статијаMicrosoft HoloLens 2 е значително подобрена верзија од очилата повторно наменети за бизнисите
Следна статијаHuawei Mate X – револуционерeн 5G паметен телефон на преклоп на Huawei
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.