DARPA, американската агенција за развиток на воени технологии, не застанува со својата работа. Таа е создавачот на предокот на Интернетот (ARPANET), на многу други технологии како приказ на информации директно во визуелниот кортекс и така натаму.
Секако дека DARPA ќе се занимава и со мозок-компјутер опкружувања и алатки за контрола. Во нивната најнова објава, тие успеале да создадат систем на мисловна контрола со кој една квадриплегична жена управувала симулатор на F35 само со своите мисли, без никаква помошна механичка контрола. Жената се вика Јан Шојерман и била ангажирана од DARPA за нивните програми за роботика. Таа е парализирана повеќе од една деценија поради нејзината генетска болест.
https://www.youtube.com/watch?v=X-NO7DvMpKw
Научниците имплантирале електроди во левиот моторен кортекс на нејзиниот мозок, и потоа со тренинзи таа успеала да го командува симулаторот само со мисли. Според нив: „Место да се мисли на контролирање на џојстик, што го прават нашите најдобри пилоти кога го летаат ова нешто, Јан директно мисли на контролирање на авионот. За некој кој никогаш не летал – таа не е пилот во вистинскиот живот – таа го лета симулаторот директно со нејзиното неврално сигнализирање“.
Ова е интересен напредок во мозок-компјутер опкружувањата и навистина сме заинтересирани до каде ќе стигне развитокот во овој домен на технологијата.
Извор: Washington Post, Gizmodo