payments

Facebook оваа недела воведе нова функција во својата апликацијата за разговори, Messenger. Досега веќе споменувана и најавувана, Facebook Messenger добива можност за директно испраќање на пари помеѓу пријателите. Оваа нова можност е додадена во рамките на делот за разговори, односно се работи за уште едно копче до веќе постојните за испраќање на слики и слично.

Сепак, како и во повеќето вакви случаи, оваа функција прво ќе стане достапна за американските корисници во наредните неколку месеци. Дали и кога ќе биде достапна во повеќе земји, не е нагласено и најверојатно ќе зависи од успешноста и популарноста во САД.

Испраќањето на парите се врши преку притискање на копчето кое што е со икона од долар. Доколку се работи за прво испраќање, потребно е внесување на платежна картичка, по што се избира сумата која што корисникот сака да ја испрати и притиска на копчето „плати“.

Другата страна исто така треба да ја внесе својата платежна картичка доколку тоа го нема направено, по што може да прима пари. Трансферот на парите се врши веднаш, но може да трае и до неколку работни денови, зависно од правилата на банките.

Што се однесува до сигурноста на овој систем, Facebook веќе одамна работи со картичките од корисниците кои што плаќаат реклами или други сервиси на мрежата. Тоа значи дека Facebook не почнува сега првпат да работи со пари, па не би требало да се очекуваат некакви несакани случувања.

Извор: Facebook

Претходна статијаКвадриплегична жена лета (симулатор на) F35 само со своите мисли
Следна статијаAmpware Crankware: Футрола за мобилен со рачно полнење на батеријата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.