navy-laser-gun-drones.si

Оружјата базирани на светлина и ласери постојат во научната фантастика веќе половина век. Во зависност од научната поткованост на авторот (или желбата за постигнување на ефект?), тие или патуваат толку неверојатно бавно што можат да се видат низ воздухот (Војна на ѕвездите) или ја имаат својата нормална брзина (~298.000 км/с) и стигнуваат веднаш до својата цел, но секако, неизбежно е да се гледаат инаку книгата или филмот ќе биде далеку подосаден.

Војската на САД само што заврши со тестирање на ласерско оружје кое за прв пат го сместува на еден од нејзините бродови кои моментално се наоѓаат во Персискиот залив. Оружјето е демонстрирано како ефикасно и употребливо, имајќи моќ од 130КВ што е доволно да се собори дрон и други помали објекти како чамци и бротчиња кои би можеле да преставуваат опасност по бродот кој го носи. Истото го носи името LaWS што доаѓа од Laser Weapon System, не толку инвентивен назив, но типичен за воените називи во секој случај.

Ова оружје работи на начинот што го концентрира ласерскиот зрак на одреден дел од непријателскиот брод или летало, на пример на моторот и со поттикнување огромна температура успева да го спржи и да го оштети, така онеспособувајќи го. Истото се управува со помош на конзола слична на играчките конзоли и ја управува оператор, а самиот софтвер помага при нишанењето и држењето на фиксација на конкретната точка.

Погледнете го видеото од оружјето во акција.

Војската на САД е на пат да развие уште помоќни вакви оружја (200+ КВ) кои би требало да имаат поголема ефикасност од ова. Секако, на неговата работа му сметаат повеќе работи, како што се временските услови и постоењето на магла, чистината на воздухот, потребата од енергија за да се користи (иако самата армија вели дека употребата на истото троши околу 1 долар енергија, што е навистина ефикасно ако е точно) и слично.

Извор: RT, ABC, Geek

Претходна статијаEnviroTracker – Кикстартер проект за личен „старател“ против околинските опасности
Следна статијаSkype Translator достапен за регистрираните корисници, ќе преведува шпански и англиски