Flying-car-796x398

Заборавете на автономните возила, следната револуција ќе бидат летечки автомобили а ла цртаните филмови од нашето детство. Секако, тоа нема да се мрдне подалеку од областа на научната фантастика ако нема поддршка од еден од денешните гиганти. Тој гигант е Лери Пејџ, соосновачот на Google.

Лери Пејџ, имено, со години прикриено вложува во летечки автомобили. Тој помогнал при основањето на компанијата Zee.Aero кои се занимаваат со оваа проблематика, а досега има вложено околу 100 милиони долари за да го оствари својот сон – да лета во огромно беспилотно летало кое брмчи „како лудо“.

Дека брмчи како лудо известуваат луѓе кои работат на аеродромот каде се тестира возилото, а тоа е веројатно резултат на сè уште неусовршената технологија на перки. Имено, сите знаеме дека ако прелета хеликоптер на неколку метра до/над нас почнуваме да затвораме уши и да колнеме да си оди што побргу.

Пејџ дури се преселил да живее некое време на едниот спрат на компанијата која до денес вработува дури 150 луѓе. Нивната канцеларија се наоѓа скоро веднаш до главната канцеларија на Google, во Маунтин Вју, Калифорнија.

Прототипот кои тие го имаат личи на огромно беспилотно летало со многу перки кои му овозможуваат да се подигне вертикално пред да почне да лета прописно (видете ја сликата од патентот погоре). Не се знае дали нивниот ентузијазам ќе резултира во остварување на еден од човековите соништа на летечки возила кои, покрај тоа што ќе бидат интересни, нема да трошат енергија колку што произведува една хидроцентрала во Македонија.

Ќе продолжиме да ги следиме овие вести и егзибициите на Лери Пејџ и останатите пребргу постанати милијардери при Google, Apple, Facebook и останатите.

Дополнителни информации: TNW, TechnoBuffalo

Претходна статијаКако да направите чиста реинсталација на Windows 10 со “Windows Refresh Tool ”
Следна статијаPickbox истовремено за целото семејство