Новиот воз кој ќе опслужува меѓуградски превоз меѓу јапонските градови Токио и Нагоја, ќе се вика JR Tokai и ќе остварува максимална брзина од 480 километри на час. Со тоа тој ќе ја заземе својата позиција меѓу најбрзите возови во светот, меѓу кои се и веќе познатиот јапонски Шикансен и кинескиот Шангај маглев воз.
Инаку JR Tokai ќе се базира на истата технологија наречена маглев која е кратеница од магнетска левитација. Во својата основа возот лебди над шина од која се одбива користејќи електромагнетно поле. Ваквото поле се користи и за подигнување на возот над шината како и за негово движење по неа. Ваквата технологија овозможува намалување на многу трошоци и отпори кои се јавуваат со стандардните возови (особено тркала) и овозможува развивање на брзини кои се доближуваат до брзината на испален куршум, поради што често ваквите возови ги нарекуваат возови-куршуми.
Проектот за JR Tokai треба да биде целосно остварен во 2027 година. Кога ќе биде изграден тој би требало да го поминува растојанието меѓу двата града од 288 километри за околу 40 минути.
Се надеваме дека не треба истото да го споредиме со брзината на возовите од нашата железница. Очигледно вложување во ваква инфраструктура не е научна фантастика за Јапонија.
Извор: Geek, Businessinsider