Докторите и хирурзите денес имаат доста мака за да утврдат како точно изгледа некој заболен дел од орган во реално време и со доволно детали. Нивните анализи најчесто се базираат на 2Д снимки (на пр. рентгенски снимки) кои даваат ограничен поглед на состојбата, а воедно не се ни доволно детални. Затоа тие мора да притежнуваат кон инванзивни методи како колоноскопија за да видат одблиску и детално, но истите се непријатни за пациентите.
Новата технологија на холограмско прикажување ќе им овозможи на медицинските лица да ги разгледуваат телата на пациентите во многу поголема деталност и одблиску без употреба на инванзивни методи. Досегашните методи на 3Д снимање во главно се изведуваа преку спојување на многу дводимензионални слоеви, што создава непрецизни слики. Со холограмскиот пристап се овозможува зголемување на приказот кој е прикажан стереоскопски, налик 3Д приказ во кино.
Повеќе компании работат на создавање на холограмски медицински приказ. Компанијата EchoPixel работи на True 3D (t3D) viewer, конвертор на 2Д слики во стереоскопски 3Д прикази. Zebra Imaging работи на ZScape Holographic Motion Display, систем кој создава вистински холограми околу кои корисникот може да се движи и да им ја менува деталноста и слоевите кои сака да ги гледа. Израелската компанија RealView Imaging исто така работи на вистински холограми, но со многу помала големина него тие од Zebra Imaging, и тоа со приказ во реално време.
NanoLive, пак, работи на 3D Cell Explorer – виртуелно „печатење“ на органи и делови од телото, преку користење на екстремно силен микроскоп кој прави 3Д слики од посебни клетки и ткива. Со 3D Cell Explorer корисниците можат да ги набљудуваат внатрешните процеси кај клетките во 3-димензионален простор, што е навистина големо достигнување на денешната технологија.
Извор: Wired, EchoPixel, Zebra Imaging, RealView Imaging, NanoLive