Слика од изведбата на технологијата за поништување на автомобилски шум од страна на Харман

Пред неколку години во оптек влезе новата технологија на поништување на шум. Потребата на модерните преносни уреди да имата по два микрофона доаѓа токму од технологијата на поништување на која и` требаат минимум два извора на сигнал за да ја оствари својата цел. Но тоа е кога говориме за разговарање на телефон. Од друга страна широко-познатата аудио компанија Харман работи на поништување на непријатните автомобилски звуци во целиот автомобил.

Тие ова планираат да го изведат преку употреба на т.н. акцелерометри. Акцелерометри се оние мали модули што се наоѓаат во вашиот преносен уред кој му овозможува да сфати на која страна е свртен и соодветно на истото да преземе акции како вртење на сликата на екранот, одговарање на повик, исклучување на ѕвонењето и слично. Но тие практично се детектори на секаков вид на просторни движења и вибрации, што ви овозможува да инсталирате алатка за мерење чекори на вашиот телефон без да имате специјален педометар за истата намена. Од Харман сакаат да вградат повеќе вакви акцелерометри низ автомобилот и потоа преку пуштање на соодветен поништувачки сигнал низ звучниците да ги поништат непријатните звуци како брмчење на моторот, тресење, шкрипење на гумите и останати досадни појави во возењето.

Досега постоеше основно поништување на звукот на автомобилскиот мотор во некои полуксузни автомобили, што прилично едноставно се изведува бидејќи може лесно да се предвидат вибрациите на самиот мотор. Но во главно ваквите опции се базираат на вградување механичка изолација или ограничена акустична изолација што најчесто не е доволно а во исто време ја зголемува тежината на самото возило и потрошувачката. Новата технологија која ја користи Харман има потенцијал да биде далеку поефикасна во поништувањето на непријатните звуци а во исто време да ја намали тежината и потрошувачката на енергија.

Објаснет процесот на поништување на шум; извор: Википедија

Во основата на оваа технологија е фактот што звукот е резултат на воздушните бранови кои патуваат до ушното тапанче на слушателот. Брановите секогаш се базираат на компресија и декомпресија на воздухот што може графички да се претстави како една синусоида или некоја резултантна крива од повеќе синусоиди. Поништувањето на шум се остварува така што на оригиналниот сигнал во кој има шум или несакан звук се додава токму сигналот од истиот шум или звук но свртен обратно во својата фаза (ако во оригиналниот сигнал во даден момент бранот е компресиран, во поништувачкиот сигнал бранот со иста јачина декомпресира). На овој начин се остварува поништување на шумот и несаканите звуци и се добива почист сигнал.

Извор: Geek

Претходна статијаКако народот на Унгарија се избори за слободата на интернетот
Следна статијаКуршум наменет за новите 3D испечатени пиштоли