3d-gun-07

Со развојот на технологијата на 3D печатење во изминатите години, може да се види како на прилично едноставен и евтин начин можат да се направат разни предмети. 3D принтери има веќе во разни варијанти, па доста од нив се и со цени достапни за обичниот корисник. Воопшто не е за изненадување што овие уреди почнаа да се користат и за печатење на оружје, поточно пиштоли. Зависно од принтерот кој што се користи, пиштолите најчесто се направени од некаков вид на пластика, но има и такви кои што се комбинирани, како и целосно метални.

Главниот проблем кај овој начин на правење на пиштоли, покрај тоа што тие може да станат уште подостапни, е тоа што експлозијата која што се случува во куршумот го оштетува пиштолот после одредена мала бројка на пукања. Тоа ги прави овие пиштоли се’ уште не толку употребливи, а уште поважно, опасни за нивните корисници.

Решение за овој проблем има најдено Michael Crumling, 25 годишен машинист од Јорк, Пенсилванија. Michael има направено своја посебна муниција која што има подебела школка, односно тело околу куршумот која што го презима целиот притисок од експлозијата при пукање, што овозможува пиштолот да остане неоштетен. Начинот на кој што тој ја прави муницијата е со користење на подебела челична школка во која што е поставен оловниот куршум, поточно на околу 2 сантиметри во неа.

3d-gun-02

Од тоа што го има прикажано за порталот Wired, пиштолот кој што го има направено во главно од пластика со неговиот евтин 3D принтер, успева да испука 18 куршуми без да биде оштетен.

Се разбира ова е еден вид на хоби на Michael и не е наменето масовно да се користи. Сепак очигледно е од овој пример, како и други, дека технологијата денес овозможува доста работи кои што порано не биле толку лесно достапни. Можеби за одредени луѓе ова е добра работа, додека за други не баш, посебно за полициските власти.

Извор: Wired, The Verge

Претходна статијаХарман работи на супертивок автомобил за возачот
Следна статијаСпикерите на CNN користат iPad зад договорените Surface Pro 3 уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.