reform-clay

Ако прашате грнчар дали би го препуштил создавањето на едно прекрасно глинено грне на машина, веројатно би ве погледнал малку на криво, а потоа би ви наплатил дупло за грнето. Сепак, изгледа дека грнчарите на иднината ќе имаат повеќе корист отколку штета од прифаќање на технологијата.

Имено, научниците од Ланкастер Универзитетот демонстрираа 3Д печатач кој употребува хибриден дизајн процес наречен ReForm. Ова значи дека 3Д предметот може да биде уредуван и од печатачот и од човекот во процесот на создавање.

На пример, во него може да се вметне објект од глина веќе дизајниран до одредено ниво од страна на склупторот. Печатачот го скенира објектот, а преку софтверот може да го измени на специфичен начин. Потоа глината повторно може да се менува од човек со помош на рацете, па повторно да се уредува во печатачот и така натаму. На крајот резултира во производ кој е создаден од заедничка работа на човек и машина земајќи ги предностите од двете. Никој од нив нема да се чувствува запоставен.

Во софтверот дури постои и „undo“ опција која овозможува да се врати формата каква што била пред човечките раце да ја фатат, па ако нешто згрешите можете практично да „притиснете CTRL + Z“ и ќе се „поништи“ последната измена.

Глината која се користи е полимерна глина и се стврднува само ако се пече, па нема опасност да се стврдне на сред работа. Уште да напоменеме дека ова е вистинскиот начин на обмислување и промовирање на нова технологија, преку интеграција на луѓето со машините и пронаоѓање на нивата улога (воедно создавање на супериорни грниња), а не нивна маргинализација.

Извор: 3Ders, BBC

Претходна статијаШто е Ониво?
Следна статијаAudi: До 2025 г. 25% од продадените автомобили ќе бидат електрични