5121277812_cef43d3b86_o

2025 година не е така далеку. Можеби ни изгледа така бидејќи е средина на следната декада, но сетете се дека веќе сме 2015 година. Во таа 2025 г., за само 10 години отсега, 25% од продадените возила на Audi ќе бидат електрични или хибридни автомобили, според нивните очекувања.

Тие активно работат на анализа и освојување на овој (иден) пазар преку претставување на нови типови на електрични и хибридни автомобили. На пример, во 2016 ќе го сретнеме Audi A3 e-Tron Sportback возилото кое е хибрид кој воедно може да се полни од извор на електрична енергија.

Тие исто така ќе изнесат на пазарот и Q7 SUV возила како и други веќе познати типови во хибридни варијанти. Впрочем, се прашував зошто на производителите на автомобили не им текнува дека хибридните возила можат да ги понудат двата света и да овозможат полесно префрлање од едниот (фосилни горива) во другиот (електрични ќелии), без разлика на инженерските тешкотии.

Секако, од Audi планираат и целосно електрични автомобили. На пример, Audi e-Tron Quattro Concept ќе почне да се продава во 2018 година, што не е така далеку. Во исто време тие сакаат да направат електрификација на патната мрежа до истата, 2018 година, овозможувајќи брзо полнење на батериите преку 150 киловатни полначи.

Ова е навистина голем залак за оваа компанија која секако не е новајлија во автомобилската индустрија. Останува да видиме дали ќе успее да ги надмине Tesla со нивниот концепт кој, кога се работи за електрични автомобили, засега е непобедлив. Во секој случај малку здрава и етичка конкуренција на пазарот никогаш не наштетила никому.

Извор: VentureBeat, CNBC

Претходна статијаИднината на грнчарството е во соработка со 3Д печатачите
Следна статијаДа се блогира или НЕ: 6 прашања – 6 одговори