onivo-1

Ониво е бесплатна и најсовремена веб апликација развиена во Македонија со единствена цел – олеснување на секојдневната работа поврзана со фактурирање и магацинско работење на домашните компании од различни индустрии. Ониво нуди најлесно, најбрзо и најефикасно креирање и менаџирање на документи (фактури, про-фактури, понуди, магацински документи) со професионален изглед.

Зошто баш Ониво? За кого е Ониво?

Ониво Ви гарантира најлесен начин на работа со фактури, следење на наплата на истите, издавање на магацински документи и водење складови. Сите документи направени преку Ониво се снимени и достапни во секое време, при што се избегнуваат непријатни ситуации заради изгубени фактури, нерегистрирани плаќања итн.

Апликацијата е достапна „во облак“ (cloud), што значи дека во секое време имате безбеден пристап од сите Ваши компјутери (на работа и дома) и паметни уреди (телефони, таблети). Ова претставува значителна заштеда на средства во инфраструктура при што немате потреба да купувате скапи сервери и лиценци. Воедно, пристапот до Вашите податоци е максимално обезбеден од SSL сертификат – којшто се користи во сите банкарски системи.

Ониво го користат мали, средни и големи компании од сите дејности (производство, трговија, услужни дејности, нотарски и адвокатски канцеларии, транспортни агенции, туристички агенции, шпедиции итн.). Ониво ќе ги задоволи Вашите потреби без разлика дали годишно издавате само десет фактури или неколку стотина.

Цел на Ониво е да Ви помогне да постигнете максимална организација, прегледност и ефикасност во канцелариско работење со што ќе имате повеќе време да се фокусирате на поважните аспекти од Вашиот бизнис.

Што се можам да правам со Ониво?

Ониво нуди голем број на корисни функционалности кои се фокусирани на едноставност, брзина и моќ. Дел од нив се следниве:

Креирајте документи (фактури, про-фактури, понуди) за само 30 секунди и само со еден клик испратете ги до Вашите клиенти, преземете ги во PDF формат или испринтајте ги. Секоја креирана фактура, Ониво ја следи и Ве известува за датумот на доспевање како би можеле благовремено да испратите потсетник до клиентот дека очекувате уплата, а откако уплатата ќе биде извршена, плаќањето веднаш можете да го регистрирате.

faktura_pdf

За компаниите кои имаат потреба од магацинско работење, Ониво нуди едноставно, но моќно решение. Креирајте магацински документи (испратници, приемници и порамнувања) повторно за само 30 секунди и во реално време следете ја состојбата во Вашиот магацин. Само со еден клик извадете Еxcel извештаи за состојбата во Вашиот магацин и користете ги за правење на напредни графикони и пресметки.

Работната табла во Ониво е Вашиот аналитичар кој Ви овозможува во секое време да го следите износот на наплатени фактури, износот на доспеани фактури како и предупредувањата за производи чија што залиха во магацинските складови е под дозволената минимална количина.

rabotna_tabla

Останати функционалности вклучуваат автоматско генерирање спецификации на издадени документи за полесно финансиско книжење, како и правење пресеци и прегледи. Додека во магацинскиот модул со еден клик можете да креирате пописни листи, лагер листи и ценовници на артикли.

Ониво работи на сите модерни прелистувачи, уреди и оперативни системи. Од паметни телефони, таблети, лаптоп компјутери до домашни компјутери – cè што Ви е потребно е интернет врска и Ониво ќе биде секогаш со Вас!

Како да почнам да го користам Ониво?

За користење на Ониво потребен Ви е компјутер (или паметен уред) со интернет конекција и емаил адреса. Едноставно посетете ја нашата страна за регистрација и регистрирајте го својот бесплатен профил. Доколку Ви е потребна помош, погледнете го следното видео упатство за регистрација:

За дополнителни прашања слободно контактирајте не преку емаил на info@onivo.mk, телефон 031 453 905, 078 444 868 или кликнете тука.

Основниот пакет во Ониво кој ги вклучува сите потребни основни функционалности за креирање и издавање на професионални документи е целосно бесплатен. За посложени и побројни фунционалности, постојат два платени пакети чија што месечна претплата е релативно ниска за сите бизниси. Најбитното нешто е премиум поддршката што ја добива секој корисник, на бесплатен или платен пакет!

Тимот на Ониво постојано работи на усовршување, развивање и надополнување на апликацијата со нови напредни функциите согласно потребите на корисниците и загарантирано усогласени со сметководствените закони.

Ониво исто така врши бесплатна презентација и обука за користење, директно во Вашатa фирмa. Информирајте се дополнително и закажете презентација по телефон на 031 453 905, 078 444 868 или преку емаил на info@onivo.mk .

Претходна статијаSamsung Galaxy S7 ќе има слот за micro SD картичка
Следна статијаИднината на грнчарството е во соработка со 3Д печатачите