behae5f7fbe63f35075e01694744d5d19a82_large

Најчесто кога ќе се спомне еколошко возило се мисли на автомобил или евентуално некој маглев воз. Но многу често луѓето забораваат на (полу)еколошките возила кои можат да не` пренесат низ воздухот како што се едрилиците. Проблемот со едрилиците е што тие немаат сопствен погон за летање, па се ограничени на вештината на нивниот пилот и временските услови во кои се наоѓаат (како што се струењето на воздухот, разни силни ветришта и слично). На помош за решавање на таквиот проблем доаѓа компанијата FaradAir.

Оваа компанија има започнато Кикстартер проект за да им помогне при изведувањето на нивната замисла на нов, еколошки авион кој ја добива енергијата за летање од биогориво и преку сончеви ќелии т.е. во превод, има хибриден извор на енергија. Ваквото летало тие го нарекуваат BEHA – Bio-Electric-Hybrid-Aircraft (Био-електрично хибридно летало). Но има уште еден интересен детал во нивниот дизајн – овој авион е трокрилец. Иако за авионите со повеќе паралелни крила веќе знаеме од времето на Првата и Втората светска војна, овој пат намената на овој трокрилец е мирнодопска.

26d120c7d577390e369bc6a6ffc99359_large

Проблемот со другите авиони кои се со погон на сончева енергија е во тоа што тие обично мораат да имаат многу широк профил на крилја кои ќе им овозможат да ги искористат воздушните струи за да се одржуваат во воздухот. Но таквиот профил има свои недостатоци, отежнувајќи го нивното управување и поскапувајќи го дизајнот бидејќи треба да се употребуваат материјали за крилјата кои се суперлесни, а во исто време исклучително цврсти. FaradAir тоа го решава преку дизајн кон вклучува три паралелни крилја кои се врзани на крајот, вака скратувајќи ја широчината на крилјата, а на секое од нив има сончеви колектори кои му овозможуваат да ги надополнува своите резерви и поголема автономија во летањето. Сончевите колектори се распоредени всушност на секоја површина што може да дојде во допир со Сонцето. Во исто време на него постои и воздушна турбина која овозможува дополнително обновување на енергетските резерви кога лета а и кога е на земјата.

Одличната работа со ваквото летало е што е скоро бесчујно при летот, што овозможува да се лета и навечер во населени места без да се смета на населението. Стремежот кон остварување на еколошката агенда дури и во човековиот лет е секако за поздравување, иако се` уште доста скапа. Еден примерок од ваквиот авион ќе ве чини еден милион долари.

Претходна статијаNokia Lumia 930: Отпакување и први импресии
Следна статијаДемонстрирани повеќеслојни мемориски единици