Screen-Shot-2015-04-15-at-12.45

Технологијата напредува, а со тоа и беспилотните летала. Но, беспилотните летала, пред да дојдат за комерцијална употреба најголем развиток добиваат за воена употреба, како и секогаш. Скоро сите технологии без кои денес не можеме да си го замислиме животот се развиени прво баш за таа причина – војна.

Lockheed Martin F-35 Lightning II Stealth Fighter, грациозно изработен борбен авион, и еден од најдобрите во таа улога, најверојатно ќе биде последниот тип на борбени авиони произведени во САД со цел да бидат летани од страна на пилот (пилот внатре во авионот).

Беспилотните летала се помали, поевтини, и релативно поефикасни со помалку жртви доколку се соборени, односно без жртви (освен самото летало). Од друга страна, беспилотните летала не се ограничени од силите на забрзување (g-forces) од кои страдаат пилотите и ги ограничуваат во маневри.

Целта на САД е да се префрли на беспилотни летала, особено кон автономните летала и бидејќи се планира и почнува употребата на истите Американската Морнарица сега има „заменик асистент секретар за беспилотни системи“ – позиција која сметале дека е неопходна во овие времиња.

Со оглед на тоа што F-35 програмата ги чинеше Американците околу 1.5 трилиони долари, што значи покрај беспилотните програми, F-35 ќе остане во употреба уште некое време, сепак е доста напредено летало со огромен капацитет за уништување.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаНаскоро ќе биде лансирана првата 3Д-испечатена ракета
Следна статијаСкенирани 100 илјади галаксии – Не се пронајдени индикатори за вонземски интелигентен живот