Елон Маск не ги крие своите амбиции да прати луѓе на Марс. Но пред кратко време ја откри неговата вистинска амбиција, а тоа е да изгради цел метрополис на Марс во кој ќе живеат милион луѓе, ќе имаат развиена одржлива економија и ќе остварат редовна врска со Земјата.
Според неговите очекувања до 2040 година човештвото веќе треба да има колонија на Марс во која би живееле десетици илјади луѓе, а до крајот на овој век да се случи остварување на метрополисот. Инаку Маск е вложувач во многу напредни технологии како електрични автомобили (основач е на Тесла) и вселенски патувања (основач е и на SpaceX). Неговите предвидувања и оптимизам веројатно се оправдани кај секој кој има толкави средства за вложување во овие проекти.
Според него ваквото освојување на Марс ќе биде делумно финансирано од самите иселеници кои би требале да дадат околу половина милион долари. Тие би се пренеле со голем колонијален број до Марс каде што би го започнале својот нов живот. Овој концепт тој го споредува со колонизацијата на американското тло од страна на европјаните кои давале пари за да добијат шанса да се населат и да зграбат од територијата на Америка. Истиот концепт не е стран ни на многу научно фантастички романи, филмови и игри како Mass Effect и Дина. По воспоставувањето на колонијата марсовците би требало да се интегрираат со Земјената економија преку доставување на минерали, метали и други ретки ресурси до Земјата, а за возврат добивање на технологија и системи за одржливо живеење.
Дали ваквата замисла е изведлива? Маск верува дека е, иако други не се толку оптимистични околу истото. Интересното е што неговата вселенска и ракетна агенција SpaceX веќе постигнува зачудувачки резултати во напредокот, но не е единствена која влева оптимизам. Индија само што ја постигна својата прва мисија до Марс, а НАСА веќе размислува начини на испраќање на луѓе до црвената планета.
Живееме во навистина возбудливи времиња и да се надеваме дека стапнувањето на човек на Марс ќе се случи во нашиот животен век.
Извор: Cnet