Концептуален приказ од еко-велосипедот во градски метеж
Концептуален приказ од еко-велосипедот во градски метеж
Концептуален приказ од еко-велосипедот во градски метежите

Замислете ја следната ситуација: возите велосипед низ градската гужва. До вас се закрчени улици со нервозни возачи кои немаат каде да одат заглавени во метежот. Вие задоволно ја поминувате гужвата знаејќи дека не само што не чекате никој туку и правите физичка вежба на срцето и белите дробови. Но сепак издувните гасови од возилата мора да ги вдишете дур возите низ градот. Или сепак не?

Бангкошката компанија Lightfog Creative & Design Company претстави одличен концепт за велосипед кој е надграден со систем за создавање на чист воздух до неговиот возач. Самиот велосипед во просторот меѓу рачките на гиданот има всисна цевка која го зема нечистиот воздух од околината и го спроведува низ филтер и турбина која потоа го издувува сега веќе чистиот воздух кон својот возач. На овој начин возачите нема да мора да стравуваат дека ќе вдишуваат голема концентрација од отровните честички кои стануваат се` почест гостин на големите, урбани градови, особено во Скопје (секоја концентрација на ПМ10 и ПМ2,5 честичките е канцерогена според Светската здравствена организација).

Овој дизајн треба да ја изведе оваа функција на начин што самата метална конструкција е облепена со фотосинтетични сончеви панели кои создаваат кислород од вода. Овој кислород се спроведува до филтерот и турбината кои се сместени пред возачот, така се задржуваат честички од прашина и загадување со помош на електрична енергија која се произведува со вртење на педалите. На овој начин во исто време се прочистува воздухот кој бил всисан од велосипедот, а неговиот возач добива многу зголемена концентрација на чист воздух и така намалувајќи го ризикот од најразлични болести и проблеми кои можат да се јават поради загаден воздух. Велосипедот е замислен да има и батерии кои ќе овозможат да создава кислород дури и кога возачот не ги врти педалите.

03

Овој велосипед е засега само концепт (иако веќе се стекна со Red Dot наградата за дизајн), но со нетрпение ќе ја очекуваме неговата материјална верзија како и придонесот кои другите компании би го дале за доразвиток на овој одличен концепт и надградба на стандардниот модел на велосипеди. Интересно ќе биде да се види една цела ергела вакви велосипеди кои би возеле низ градот и би го претворале воздухот во квалитетен и чист.

Велосипедизмот е во благ раст во Скопје и да се надеваме дека надлежните власти ќе преземат чекори кон охрабрување на користење на вакви и слични типови на велосипеди и кон обезбедување уште патеки за возење, а не кон воведување регулативи и забрани кои ги демотивираат учесниците во сообраќајот да возат велосипед. Велосипедите се исклучително ефикасно превозно средство кое добива многу подобрувања во последните години.

Извор: Inhabitat, Fastcoexist

Претходна статијаTesla претстави нови верзии од S моделот со погон на сите тркала и автопилот
Следна статијаДизајн на сонар инспириран од делфините е далеку поефикасен од досегашните