Досега се предложени многу алтернативни решенија за замена на вртливите пропелерски сечила кои се користат кај ветерните турбини. Главно оваа промена се однесува за ветерните турбини кои имаат хоризонтална оска на вртење, чии што перки се масивни и при нивно вртење често се случува да повредат некоја птица.
Најновиот предлог доаѓа од компанијата Festo, чија инспирација потекнува токму од птиците. DualWingGenerator е нова интересна и невообичаена технологија каде обликот и дизајнот е ист како крилата на птиците, но процесот е обратен.
Птиците ја генерираат потребната енергија за да летаат преку синхронизирано движење на крилата. Кај овој стационарен систем, движењето на двете перки е обратно, крилата се фиксирани на земјата и ветерот кој поминува низ нив создава тие да се движат. Линераното движење на перките се претвора во ротационо движење при што се создава кинетичка енергија. Во внатрешноста на оската има интегрирано механизам преку кој добиената енергија се праќа до генераторот за да се произведе електрична енергија.
DualWingGenerator е способен сам да се оптимизира и да се прилагоди за различни ветрови. Во споредба со конвенционалните ветерни турбини, овој генератор има голема ефикасност при мала брзина на ветерот, помеѓу 4 и 8 m/s.
Интересно е што оваа технологија освен што е способна да произведе електрична енергија, во некои случаеви може да ги надмине традиционалните ветерни електрани, посебно кога ветерот е многу слаб. Значајно е да се напомене и дека DualWingGenerator е побезбеден за птиците, бидејќи ветерот што струи меѓу перките на оваа ветерна турбина автоматски ги одбива птиците кои летаат кон него.