DARPA, односно американската Defense Advanced Research Projects Agency, официјално ќе го направи реалност нивниот авион X-65. Авионот е концепт кој треба да ја демонстрира и тестира новата технологија, која има потенција целосно да ги промени леталата.
Од агенцијата овој концепт го нарекуваат првата промена во концептот на летање уште од браќата Рајт од 1903 година.
X-65 концептот е различен од сегашниот по тоа што не користи движечки делови на крилата или било кој дел од леталото. Тоа значи дека овој авион нема делови како преткрилца, крилца, заткрилца, воздушни сопирачки, стабилизатори и слично.
Контролата на леталото се прави преку точно поставени млазови на компресиран воздух, односно „AFC – active flow control“. Овој систем нема да го насочува авионот, како што веднаш може да се замисли и да се спореди со сличниот систем на вселенските летала.
AFC ќе ја менува аеродинамичноста на леталото, односно протокот на воздух, со што ќе може да се менува движењето, а со тоа и да се управува.
Резултатот на овој концепт летало е полесно летало, кое ќе биде многу поуспешно во криењето од радарите, нешто што секако нема голема привлечност за комерцијалните авиони.
Сепак, не се исклучува можноста за целосна промена на начинот на производство и на комерцијалните авиони во иднина, а јасна е придобивката за овие авиони, потрошувачката на гориво.