Научната фантастика полека се претвора во реалност особено во полето на воената технологија. После запознавањето со дронови, ласерски оружја и супербрзи авиони, сега американската владина агенција за истражување во полето на одбраната (DARPA; Defence Advanced Research Projects Agency) реши повторно да не` изненади и да го претстави својот најнов проект – самонаведувачки куршум кој може да ја смени патеката на летање во текот на самиот лет.
Ваквите куршуми се од калибар 12,7 милиметри, што значи дека е наменето да се употребува од снајпери и други големокалибарски оружја и нема да влезе баш во дефиницијата на „хумана муниција“ поради деструктивната моќ која ја носат ваквите муниции. Овој куршум овозможува менување на патеката на летање што ќе помогне точно да се погоди целта која се бара и да се минимизираат надворешните услови кои влијаат на прецизноста на снајперистот, дел кои не можат да се сменат – силни ветрови, неможност да се нацентрира доволно добро и слично.
Технологијата на смена на патеката во лет е чувана во строга тајна од страна на ДАРПА, но би можело да се претпостави дека или куршумот се прекршува некаде по телото (и во ефект со отпорот на воздухот го менува правецот) или има мали крилца, или пак има вибратор во себе кој го менува правецот на зрното.
ДАРПА пушти и видео каде што ја демонстрира работата на оваа муниција и кое можете да го погледнете тука.
Често на Смартпортал покриваме вести од воената технологија која напредува со огромна брзина. Но ваквата технологија редовно отвора разни етички прашања и потребата од силна цивилна контрола врз воените активности. Ваквата муниција може да се употреби за ефикасно елиминирање и онеспособување на разни терористички водачи, групации и непријатели кои ќе можат прецизно да се погодат и брзо да се онеспособат, но во исто време дава можност за ефикасна борба против цивилните, либерална права и слободи.
Извор: IFScience, Stars and Stripes