BMW_chargenow_02-590x330

Електричните автомобили се иднината на авто индустријата. Покрај Тесла кои се веројатно најнапред од сите производители на вакви автомобили во поглед на технологијата, сега и другите авто-производители се активираат за да го освојат овој пазар. Но покрај создавањето на самите автомобили, тие се соочени со разни проблеми кои стандардните автомобили ги немаат, имено, зголемување на автономијата (далечината која можат да ја поминат со едно полнење), брзината на полнење, имањето соодветни полначки станици насекаде, нивната цена треба да падне и т.н.

BMW почнува да го тестира концептот на полначки станици кои што се интегрирани во уличното осветлување, односно бандерите. Во соработка со компанијата ChargeNow тие се обидуваат да го зголемат присуството на ваквите станици, а воедно и да ги интегрираат во веќе постоечките светлосни сигнализации кои се поставени на улиците. Полнењето би се остварило преку поврзување на автомобилот со бандерата и активирање на апликација која ќе наплати од сметката на возачот колку што искористил електрична енергија. Ова би значело дека возачот може да ја остави колата за да се наполни и потоа да биде известен преку апликацијата кога ќе биде завршен процесот.

Ваквите Light & Charge станици се моментално во пилот-план да се распоредат низ Минхен за да се тестира нивната практичност. Веруваме дека ваквата идеја ќе им се допадне и на другите играчи во индустријата кои ќе ја преземат и развијат и во другите држави. Тоа впарено со брзината на развиток на енергијата добиена од Сонцето ќе предизвика вистинска револуција на човековиот транспорт.

Извор: Geek

Претходна статијаЗапознајте се со Microsoft Lumia 535
Следна статијаMicrosoft го најави Skype for Business, ќе го замени Lync од идната година