Тој кој го следел Реј Курцвејл или му ги читал книгите знае за неговото тврдење дека некаде во следните декади со помош на нано-технолгијата ќе се изгуби границата меѓу вистинскиот и реалниот свет. Ова би се случило поради тоа што виртуелниот свет ќе станува се’ пореален до граница каде нема да може да се забележи разлика, а вистинскиот ќе биде надграден со нано-роботчиња кои ќе можат да го менуваат и да градат или рушат објекти.
Првите чекори секогаш се најбавни и понекогаш смешни, а тие во овој случај ги вклучуваат BitDrones. Се работи за летечки беспилотни летала („дронови“) кои глумат 3Д пиксели, т.е. таканаречените воксели. Тие комуницираат меѓу себе и со помош на поставување низ простор градат разни „форми“.
Форми е ставено во наводници горе бидејќи тоа што моментално можат BitDrones да го „изградат“ воопшто не личи на било каква форма. Туку изгледа многу смешно поради тоа што лебдат низ просторот и се „однесуваат“ како смотани бубачки кои зујат и светкаат во разни бои. Сепак, спомнавме дека ова е зачетокот.
Дури и сега овие воксели можат да се распоредуваат во простор, да прикажуваат потребна информација (на пример некоја посебна боја), да трепкаат, да бидат преместувани, да им биде одбрана бојата, да учествуваат во „зумирачки“ ефекти каде мрдањето на два воксела во „објектот“ поблиску или подалеку резултира во соодветно менување позиција на сите други воксели и така натаму.
Впрочем, за да не објаснуваме на празно видете го видеото погоре и се` ќе ви стане јасно. Да, BitDrones моментално изгледаат смешно и смотано, но ви гарантираме дека ќе ве фати језа кога овој концепт во нано-големина пред ваши очи ќе гради столче или оружје за неколку секунди. Курцвил изгледа ќе испадне во право и за ова негово технолошко предвидување.
Извор: QSU – Human Media Lab, Hackaday