soft.battery-600x512_web_1024

Да – токму како што прочитавте. Научниците успеаа да создадат батерија од дрво, и тоа не еден туку два типа – хибридна батерија и суперакумулатор. Ваквата батерија е свитлива, компресивна и со пенаст изглед.

Се работи за материјал кој се зема од дрвјата за да се направи хартија, и е составен од целулозни влакна. Овие влакна потоа ги „кршат“ до милионит дел од нивната оригинална големина, во таканаречена „наноцелулоза“. Ваквата наноцелулоза потоа се распаѓа и се замрзнува дур се суши за да се извади влагата од нејзе. На крајот, ваквиот материјал се процесира за да се стабилизираат молекулите и да не се распаѓаат. Вака добиениот материјал е цврст, лесен и мек.

Испаѓа дека наноцелулозата е многу ефикасна за зачувување и спроведување на електрони со помош на натриум место литиум, како што користат стандардните батерии. Наноцелулозата дополнително изгледа како пена, но е многу отпорна на притисок. Истражувачите ја натиснале на 75% од оригиналната големина без губиток на капацитетот за складирање и спроведување на електрична енергија.

Поради свитливоста на материјалот и неговата форма како пена тој може да се распореди на многу различни позиции и во различни форми, дури и во 3Д простор. Тоа значи дека во разни уреди можат да се складираат разни микробатерии кои ја заземаат формата на уредот и држат електричен капацитет, а дополнително подобрување во однос на стандардните батерии е што ваквите се далеку помалку отровни и штетни за околината.

Засега „дрвените“ батерии не се споредливи со стандардните, но веруваме дека наскоро ќе станат и ќе можат да се користат во секакви уреди, што ќе придонесе кон дополнително зачувување на околината и развитокот на зелените технологии. Веќе пишувавме за чипови направени од дрво, па изгледа дека овој жив материјал ќе ни помогне од многу аспекти да ја „раззелениме“ технологијата и да ја направиме поприфатлива за околината.

Извор: IFLScience, NPR, Energy Matters

Претходна статијаAirbus Adeline – Ракетен мотор кој може да се рециклира
Следна статијаСега можете да го претворите вашиот рутер во безжичен полнач