Веројатно сите ние кои го следиме доменот на технолошки развиток го видовме (неуспешниот) обид на SpaceX да врати ракета назад од вселената и да ја следа безбедно на Земјата. Поентата на овој обид е повторно да се искористи истата ракета за да се скратат трошоците и брзината меѓу летови.
Сега и од Airbus имаат одговор на овој предизвик, и тој се вика Adeline (кратеница од ADvanced Expendable Launcher with INnovative engine Economy). Adeline всушност е мотор кој може да се „рециклира“ за да се употреби за следните вселенски летови. Идејата е тој да биде закачен на ракетата која треба да ја носи во вселената, и по завршувањето на прва фаза од летот, да се откачи. Тогаш и ќе ги ослободи боците со гориво кои ќе му овозможат да ја намали сопствената тежина.
По откачувањето Adeline ќе навлезе во атмосферата и ќе започне да лета како вселенски шатл, користејќи крилја и пропелери. Ќе биде самоуправуван и ќе слета на стандардна авионска писта. По слетувањето нормално следи сервис, проверка и подготовна за ново полетување. Според Airbus, со ваквиот начин можат да се скратат дури 30% од трошоците за полетување. Тие работат на Adeline од 2010 година, а се надеваат дека ќе можат да го остварат првиот лет тек во 2025 година.
Со нетрпение очекуваме да навлеземе во фазата на рециклирани вселенски возила кои нема да се фрлаат, а со тоа и на спас на милиони евра влог кој најчесто е фрлен и неупотреблив по одржувањето на вселенскиот лет.
Извор: IGN, Gizmag, Ars Technica