Полнењето на вашиот MacBook или iPhone во блиска иднина би било многу едноставно. Независно каде и да сте, ако има сончева светлина вие без проблем би можеле да си го наполните вашиот уред. Мала соларна ќелија би можела да генерира доволно енергија за негова работа и притоа да нема потреба од приклучок на електрична мрежа. Оваа вест е објавена во најновиот патент на Apple, кој привлече огромна заинтересираност за негова реализација.
Идејата е предните делови од лаптопите, мобилните уреди или таблетите да останат исти, а задните дисплеи да се изработат од паметно стакло. Ова паметно или електрохромно стакло е и главна компонента на овој патент поради можноста да ја менува провидноста. Ова би значело автоматско блокирање или пропуштање на светлината до соларните ќелии, слично како очилата за сонце.
Соларните ќелии би ја абсорбирале примената енергија и би ја претварале во електрична енергија со која би се полнел уредот. Со овие карактеристики уредите на Apple би станале паметни хибридни уреди.
Но ова не е единствен новитет кој доаѓа од Apple. Истражувањето посветено на ова поле допринесе за друга интересна иновација, батерија која би се полнела преку енергија произведена од сонцето, но во овој случај наменета за е-часовник. Идејата е слична како и претходно, односно со обвивка од соларни ќелии која би се поставила на заоблениот екран, часовникот би се полнел.
Со оглед на тоа што секојдневно слушаме нови интересни иновации, се чини дека прославата на 30 годишнината од првиот MAC во Apple сè уште не завршила. Секако нивна реализација би била за уште поголем прослава, па останува да се надеваме дека во блиска иднина би станале достапни и за корисниците.