self-healing-polimer

Што ако ви кажеме дека изгребани таблети и телефони повеќе нема да ви предизвикуваат нервози и загриженост. Со развојот на науката за материјали и овој проблем во блиска иднина нема да постои. Научниците од Универзитетот во Илиноис во САД, односно одделот за инженерство и материјали на чело со професорот Јianjun Cheng, со објавата на нивната работа создадоа причина за задоволство кај многу лица [http://news.illinois.edu/news/14/0204polymer_JianjunCheng.html].

Тие претставија полимер кој може сам да заздрави и најважното е што ова се случува на собна температура. Крајниот производ е материјал направен од еден од најкористените класи на полимери ’’polyurea’’ кој се користи за производство на фарби, пластика, лакови и сл. и кој заздравува сам, само со притискање на гребнатинката назад во првобитната положба.

Овој материјал се одликува со многу позитивни карактеристики, освен што сам заздравува, вклучува евтино производство, достапен е за потрошувачот и не е потребно долго време да се врати во првобитната положба. Придобивката од користење на овој материјал е што е без катализатори, има ниска температура и може да се врати во првата состојба повеќе пати, на молекуларно ниво со иста јачина како и претходно.

На следното видео е демонстриран пример со својствата и можностите на овој нов материјал. Може да се види дека дел од полимерот е исечен со нож и потоа деловите се потиснати наназад. Потоа е оставен преку ноќ на температура од 37 °C за на крај да се забележи дека нема никаква трага од исеченото. Полимерот може да се излечи како што кажавме и на собна температура, но при 37 °C е забрзан процесот.

Бидејќи се користени комерцијално достапни состојки за да се произведе овој материјал, апликативен е на многу полиња. Пример се боите и големиот број на пластики кај кои може да се искористат придобивките од овој нов полимер.

Иако сè уште е во фаза на истражување, поради одличните својства не би требало долго време да помине пред да почне да се користи и во комерцијални продукти.

Претходна статијаApple навестува уреди кои ќе работат на сончева енергија
Следна статијаGoogle го претстави Chromebox for Meetings