Слика е превземена од Bloomberg.com
Слика е преземена од Bloomberg.com

Вредноста на акциите на Twitter падна за 24% со што ја намали пазарната вредност на компанијата за скоро од 9 милијарди долари. До вакво намалување на вредноста дојде после објавувањето на резултатите од работењето на компанијата во 2013 година.

Конкретно паѓањето на довербата на инвеститорите најмногу доаѓа поради резултатите кои што покажуваат намалување на степенот на раст на корисничката база на социјалната мрежа. Поточно бројот на Twitter корисници е зголемен за 3,8% во последниот квартал од годината што споредено со 10% на почетокот од годината претставува големо намалување. Исто така забележано е 7% намалување на прегледувањето на листата со новости, односно отворање на корисниците на својата Twitter страна и разгледување што ново е објавено.

Вакви резултатите покажуваат намалување на популарноста на социјалната мрежа, односно намалување на интересот на корисниците да го користат Twitter. Нормално тоа е директно поврзано со заработката на компанијата, како и предвидувањата за идното работење, нешто што е директно поврзано со одлуката за купување на акции од компанијата и по која цена.

Одредени истражувања покажуваат дека голем број на корисници на Twitter ја отвораат својата корисничка сметка еднаш, по што наредниот пат може да биде и после 6 месеци и 1 година. Како пример се наведува и новиот директор на Microsoft кој што после неколку години го менува својот статус на Twitter, односно најавува дека ќе почне почесто да комуницира преку социјалната мрежа.

Претходна статијаMozilla го покажа Firefox Launcher направен во соработка со EverythingMe
Следна статијаApple навестува уреди кои ќе работат на сончева енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.