Пред неколку децении добар дел од урбаниот транспорт во големите градови почна да се лоцира под земја. Денес имаме технологија со која што можеме урбаниот транспорт да го пренасочиме високо над земјата, односно во воздух. Ова се зборовите на Том Ендерс, извршниот директор на компанијата Airbus. Според Ендерс од оваа компанија треба да очекуваме целосно функционален прототип на летечки автомобил до крајот на оваа година. Оваа технологија за прв пат беше најавена во август минатата година,

Доколку сето ова се оствари, тогаш автономните возила на некој начин ќе бидат застарена технологија уште пред да се имплементираат во општеството. Од Airbus велат дека денес се достапни сите потребни елементи за да направат летечки автомобил, како што се батерии за складирање електрична енергија, мотори итн. Со летечките автомобили се очекува да се намалат трошоците за градење на инфраструктура во градовите, патишта, тунели, мостови итн.

Една од првите идеи на Airbus компанијата е летечкото такси, кое што луѓето ќе можат да го нарачаат (резервираат) користејќи апликација на својот смартфон. Оваа апликација би била слична на апликацијата што се користи денес за споделување на автомобили. Инаку Airbus е најголемиот производител на комерцијални хелихоптери во светот. Токму затоа многумина нивните летечки автомобили ги поистоветуваат како мини хелихоптери за еден или повеќе патници.

Сепак според Ендерс, важно за компанијата е да се насочи истовремено и кон автономните возила со цел загарантиран успех во создавањето на летечките возила во иднина.

Извор: Reuters, CNet

Претходна статијаБатеријата, а не дизајнот на телефонот била проблемот кај Galaxy Note 7?
Следна статијаТом Харди владее со контроверзијата во Taboo