acer-atv-electric-car

Електричните возила најверојатно се иднината на човечкиот транспорт. Иако постојат алтернативни технологии како возила на водород, поефикасни бензински мотори, хибриди и така натаму, не постои поефикасен начин за произведување, складирање и искористување на енергијата од електричниот.

Така што не е ни чудно кога компании кои се поврзани со автоиндустријата се вклучуваат во развивањето на електрични автомобили. Од друга страна, има интересен феномен на вклучување на нови, неочекувани играчи во оваа област, како на пример Apple, а сега веќе и ACER.

ACER ги знаеме како добри производители на потрошувачка електроника, но тие на eCarTech саемот во Минхен го претставија и своето прво електрично возило – X-Terran. Поточно, возилото е производ на MPS Energy која е мајка-ќерка на ACER. Сепак, изгледа дека ACER немаат намера сериозно да влегуваат во пазарот на електрични автомобили како другите конкуренти туку се работи за нешто друго.

Имено, ACER работат на својот систем/дивизија наречен BYOC (Build Your Own Cloud; Изгради си сопствен облак) кој ќе работи директно со мали произведувачи на возила, особено електрични, за автоматизација, дигитализација и меѓусебно поврзување на истите во облакот. Идејата веројатно им е го тестираат својот производ на сопствени возила пред да биде спремен да биде понуден на пазарот.

Ергели на електрични и други возила кои меѓусебно преку облак се координираат за да ја оптимизираат потрошувачката на енергија, избегнувањето на сообраќајни незгоди, пренасочување во случај на гужви и непогодни временски услови, е пат кон остварување на одржлива економско-еколошка иднина. Секако, ќе има намалување на автономијата на возачите, но најновите феномени како Uber покажуваат дека повеќето луѓе не се толку заинтересирани за својата автономија – туку да стигнат на посакуваната локација што поекономично.

Извор: TechnoBuffalo, China Post, Digitimes

Претходна статијаHTC One A9 ќе добива многу брзи надградби на нови верзии на Android
Следна статијаInFocus Kangaroo е ултра мал Windows 10 компјутер кој чини само 99 долари