Eco-City (6)

Човештвото предолго се ослонува на фосилни горива за обезбедување на сопствената потреба од енергија. Впрочем и според самиот Елон Маск, (продолжената) употреба на фосилни горива е најглупавиот експеримент што човештвото го има направено, предизвикувајќи качување на глобалните температури, закиселување на водата и почвата, загадување на околината и така натаму.

Од тука, со посебна свежина и позитивна реакција ги примаме некои вести околу обновливите извори на енергија. Веројатно досега знаете дека има доста силен притисок кон прифаќање на овие извори, но не сте знаеле колку точно. Според проекциите на Меѓународната енергетска агенција (МЕА), енергијата од обновливи извори најбргу се развива од сите други извори на енергија. Па така, се очекува во 2020 година таа да покрива дури 25% од светските потреби!

За жaл, некои од најголемите светски загадувачи како САД и Кина долго време одбиваат да потпишат договори и протоколи за намалување на употребата на фосилни горива поради политичко-економски причини (огромен процент од внатрешната економија се храни од горива). За среќа, Кина е еден од играчите кој во последно време најмногу граби кон инсталација и употреба на обновливи извори (дури 40% од светскиот збир), што е секако охрабрувачки вести за (засега) најголемиот загадувач на светот.

Од друга страна општества како Шведска сакаат да постанат целосно независни од фосилни горива во блиска иднина. Овие напори се за поздравување и очигледно имаат ефект, штом до 2020 г. една четвртина од енергијата ќе се обезбедува преку вакви извори. ЕУ има цел да постигне ниво од 80% од обновлива енергија до 2050 година (видете го видеото погоре).

Полека одиме кон еколошки, чист и одржлив развој кој ќе биде во сечија добивка. Поврзете го тоа со електрични маглев возови, електрични и летечки автомобили, развојот на Интернет на Нештата и животот навистина ќе изгледа суперинтересен за триесеттина години!

Извор: IFLScience, EU Roadmap 2050

Претходна статијаCanon лансира две нови “Mirrorless” камери со променлива оптика
Следна статијаВо Јапонија ќе биде претставена првата целосно роботизирана фарма