130716-elon-musk-3p

Веројатно сите веќе знаеме за човечината наречен Елон Маск. Понекогаш е тешко да се избегне да се гледа како еден од великаните, „големите татковци“ на денешницата, филантропи кои активно работат да ја подобрат климавата состојба во која се наоѓа човештвото денес.

Според неговото последно интервју со Нил деГрас Тајсон, нашето продолжување на користење на фосилните горива е „најглупавиот историски експеримент“ кој бил направен од човештвото. Тој вели дека горењето на фосилни горива предизвикува огромни промени во хемискиот состав на океаните, почвата, атмосферата и природата. Ова уште не знаеме за сигурно како ќе се одрази во иднина, но може да се предпостави дека ќе ја наруши и така кревката рамнотежа во екосистемот.

Дополнително, според него фосилните горива кога-тогаш ќе се потрошат и ако не сме прилагодени т.е. префрлени на други извори на енергија (обновливи, секако), ќе се случи крах и распад на општествата и огромни кризи бидејќи се наслонуваат на нешто што може да сопре во блиската иднина. „Земајќи предвид дека во еден момент тие (фосилните горива; заб.) секако ќе се истрошат, зошто да го правиме овој луд експеримент за да видиме колку лош ќе испадне на крајот? Сега знаеме дека е барем до некое ниво лош, а доминантниот научен консензус е дека ќе биде навистина лош“ – изјави Маск.

Можам да кажам дека се согласувам со Маск. Фосилните горива не само што ги користиме како извор на енергија, туку и цела плејада на производи како винил/пластика се создаваат од нив или со нивна помош. Ќе се опамети ли човештвото конечно и ќе започне ли вистинска транзиција кон обновливи извори на енергија кои ќе бидат еколошки, ефикасни (во иднината), евтини (со потенцијал за беспари) и одржливи без оштетување на околината?

Инаку Маск и предходно има коментирано на разни појави во човековата цивилизација, како и работено на супер напредни проекти. На пример, предходно коментираше дека идната ВИ може да не` уништи како човештво, сака да изгради човечки град на Марс, го осмисли еден супербрз персонален транспорт наречен HyperLoop (кој започна да се гради), со Tesla работат на револуционерен систем за домашна и бизнис енергија Tesla Energy

Тој е основач на Tesla Motors, компанија која се занимава со создавање на ултрамодерни, пристапни електрични автомобили; SpaceX – приватна компанија за вселенски летови; а е еден од основачите на PayPal…

Ви требаат уште докази за да сфатите со каков човек си имаме работа?

Извор: Vice, TechInsider

Претходна статијаLG SmartThinQ – Сензор кој ги „опаметува“ домашните уреди
Следна статијаMotorola ја претстави втората генерација од Moto 360 паметниот часовник која вклучува повеќе верзии