Никогаш не би поверувале доколку некој ви каже дека е возможно да ставите 1000 терабајти на DVD, меѓутоа научник од Австралија тврди дека ова е возможно. Зонгсонг Ган истражувач од технолошкиот универзитет Swingburne од Мелбурн пронашол револуционерен метод преку кој може да смести повеќе информации на традиционален оптички уред за складирање на меморија како што е CD.
Истражувачот заедно со неговите колеги успеале да го зголемат капацитетот на DVD диск со помош на светлина со која создале многу мали точки и битови. Методот вклучува кршење на физичката бариера наречен дифракциски лимит на светлината. Tехнологијата овозможува да се запишат значително повеќе информации на дискот. Со новиот метод ќе можат да се складираат на пример околу 50 илјади филмови во HD на DVD диск што со претходната големина 4.07 гигабајти секако не беше изводливо.
Овие научници покрај освоената стипендија од 18 илјади долари за овој проект, сакаат да соработуваат и со многу други истражувачи низ светот на нови откритија во рамките на уредите за складирање на меморија.
Од универзитетот во своето соопштение исто така ја истакнале предноста на долгорочен план за институцијата која со свои патенти сака да влијае врз развојот на науката и индустријата.
Извор: ScienceAlert