The Browser Company, компанијата која стои зад Arc прелистувачот, минатата година најави дека го прекинува развојот на овој прелистувач и почнува со работа на нов. 

Ова дојде како големо изненадување за корисниците кои, иако ги немаше премногу, сепак го сметаа Arc за еден од подобрите прелистувачи на пазарот наменет за напредните корисници. 

Dia, новиот прелистувач од компанијата, од друга страна воопшто не е наменет за овие корисници, па доаѓа со повеќе класичен и едноставен кориснички интерфејс. 

Главната карактеристика на Dia е интеграцијата на вештачката интелигенција, па како што би очекувале, прелистувачот овозможува целосно интегрирано користење на оваа функција, без потреба од отворање на посебни апликации или страни. 

Начинот на којшто функционира Dia, односно интеграцијата на ВИ доаѓа буквално директно во прелистувачот. Тоа значи дека сите прашања или команди корисниците ги даваат во лентата за адреси и пребарување, па нема потреба од отворање на посебни делови. 

Од компанијата истакнуваат дека Dia е прелистувач кој на корисниците ќе им помогне во пишувањето, во учењето, во купувањето, како и во планирањето. Кратко кажано, се што корисниците го прават на интернет преку нивните прелистувачи, сега е помогнато директно од вештачката интелигенција. 

Dia во овој момент станува достапен за тестирање во бета форма преку листа на чекање, што значи не можат сите да го инсталираат. За претплатниците на Arc инсталацијата е достапна веднаш. 

Симнувањето на прелистувачот, односно запишувањето на листата на чекање, се достапни преку официјалната страна

Претходна статијаiOS 26 донесува две корисни новини кои ќе го подобрат корисничкото искуство
Следна статијаОваа година изгледа Android конечно ќе добие уред со „MagSafe“ функција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.