По претставувањето на својата трета генерација од технологијата за камера под екранот, Xiaomi сега се очекува дека конечно ќе претстави и смартфон со оваа технологија. Тој смартфон се очекува дека ќе биде Mi Mix 4 кој треба да биде претставен на 10ти август, односно идниот вторник.

Најавата за новиот Mi Mix 4 доаѓа од главната за ПР на компанијата, Агата Тенг, а од сликата во најавата се гледаат контури од уред кој нема исечок или дупка, па се верува дека предната камера ќе биде сместена под екранот.

Додатна причина да се верува дека овој телефон ќе има селфи камера која не се гледа е и Mi Mix серијата која од самиот почеток е серија кај која се претставуваат нестандардни работи од компанијата.

Оваа недела Oppo исто така ја претстави својата трета генерација од нивната технологија за камера под екранот, но уште чекаме од компанијата да ја искористат во некој официјален производ.

Единствената компанија која има официјално претставено производ со камера под екранот е ZTE, а еден од нивните производи е Axon 20 5G.

Како и обично, додека големите производители како Samsung и Apple не почнат да ја користат оваа технологија, не може да очекуваме нејзина масовна достапност. Истото се очекува дека ќе се случи идната година.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаSuper Duper Secure Mode треба да ја зголеми безбедноста на Microsoft Edge со мало намалување на перформансите
Следна статијаМакедонски Телеком ќе донира 2 милиони денари за граѓаните погодени од пожарите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.