Xiaomi е еден од најпознатите производители на смартфони во светот кој кога и да претстави нов уред, го привлекува вниманието на корисниците, како и на нас кои ви ги пренесуваме ваквите информации. Тоа е така поради главната карактеристика на овој производител, а тоа се одлично дизајнирани телефони, со одлични карактеристики, а значително пониска цена од конкурентите.

Најновиот член на семејството на Xiaomi е Mi Max 3, уред од средната класа во главно наменет за корисниците кои сакаат поголеми уреди, односно нив ги користат за гледање на видео содржина и слични активности.

Mi Max 3 доаѓа со огромен 6,9 инчен екран со Full HD+ резолуција и сега веќе стандардниот издолжен формат со сооднос од 18:9. Екранот има многу мали рамки од страните, а исто така тие не се нешто посебно големи на горната и долната страна, со што се добива еден уред со навистина интересен изглед, а посебно поради неговата големина.

Работи на Snapdragon 636 чипот кој вклучува процесор со осум јадра кои работат на 1,8 GHz. Во делот за меморија, Mi Max 3 доаѓа со избор од варијанта со 4 GB RAM и 64 GB простор за податоци, како и 6 GB RAM и 128 GB простор за податоци.

Она што е навистина посебно кај овој уред е огромната батерија со капацитет од 5.500 mAh, што кога ќе се земе во предвид прецесорот од средната класа, како и екранот којшто нема поголема резолуција, може да се очекува сигурно издржување еден цел ден.

На задниот дел е поставен сензорот за отпечатоци, како и двојна камера која вклучува еден сензор со 12 и еден со 5 мегапиксели. Предната камера доаѓа со 8 мегапиксели.

Телефонот работи на најновата верзија од Android, односно 8.1 Oreo, а треба да биде и надграден на најновата верзија од MIUI, 10.

Mi Max 3 моментално е претставен во Кина, па не е познато дали и кога ќе стане достапен за остатокот од светот, односно за нас поважно, на европскиот пазар. Ќе се продава по цена од околу 220 евра за варијантата со 4 GB RAM, односно околу 250 евра за варијантата со 6 GB RAM.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕвропската Комисија го казни Google 4,34 милијарди евра за прекршување на антимонополски правила со Android
Следна статијаКако успеав за 3 месеци да започнам нова кариера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.