phone-photo-hero

Ubuntu Touch е верзија од популарниот, Linux базиран оперативен систем, Ubuntu, прилагодена да работи на мобилните телефони. Истата е целосна базирана на Ubuntu и го користи познатиот кориснички интерфејс, па прилагодувањето, барем за корисниците на десктоп верзија, не би требало да биде проблем.

Првата официјална верзија од Ubuntu Touch за мобилните телефони излезе овој Октомври со излегувањето на 13.10 верзијата на Ubuntu за десктоп. Истата може да биде инсталирана на одреден број на уреди, како што е Nexus 4 телефонот од Google. Ова е и главната карактеристика на оперативниот систем, до сега немаше посебен уред кој што официјално од производителот доаѓа со инсталиран Ubuntu Touch. Од Canonical оваа година имаа обид да направат свој мобилен на кој што ќе работи Ubuntu Touch, преку јавно собирање на средства, меѓутоа не успеа да ги собере потребните средства, па проектот беше откажан.

Основачот на Canonical, Mark Shuttleworth на LeWeb конференцијата за CNET порталот изјави дека официјално го имаат склучено првиот договор со производител на мобилни уреди за производство на мобилен телефон кој работи на Ubuntu Touch. Сега за сега не открива кој ќе биде производителот, туку само дека уредот ќе биде со појаки перформанси и ќе биде официјално најавен и пуштен во продажба во 2014 година. Покрај тој договор, Canonical се во преговори со уште неколку исто така необјавени компании, кои исто така би претставиле уреди со Ubuntu Touch оперативниот систем.

Со цел мобилниот телефон да биде достапен на што повеќе корисници, Canonical ја има добиено поддршката од повеќе мобилни оператори меѓу кои и Vodafone, 3, EE, KT, SK Telecom, Verizon, Deutsche Telecom, T-Mobile, PT.

Моментално водачи на пазарот за мобилни оперативни системи се iOS и Android, а тука се и оперативните системи со нешто помал но растечки удел, Windows Phone и Firefox OS. Дали има место и како корисниците ќе прифатат уште еден оперативен систем, останува да видиме, но секако добредојдени се нови оперативни системи, посебно од open source заедницата.

Претходна статијаNokia сепак развива Android телефон?
Следна статијаViber Out сервис за јавување на телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.