surface-phone

Веќе подолго време се шпекулира за тоа какви спецификации ќе има првиот телефон на Surface дивизијата на Microsoft и едно време дури имаше најави дека тие ќе бидат од Intel. Сепак, нови информации од извори на Nokia Power User, кои се заслужни за многу протечени информации за Lumia телефони, Surface Phone ќе има Snapdragon 835 и 6 GB рам меморија.

Ова не треба воопшто да ги загрижува фановите на Microsoft, барем кога се работи за брзината. Од она што го знаеме досега, 835-ката ќе биде исклучително способен процесор со високи перформанси, а секако ќе помага тоа што телефонот ќе има 6 GB рам (4 GB во послаба верзија). Surface Phone би требало да дојде во две изведби, едната веројатно со 5,5 инчи, а другата можеби и поголема.

Исто така, во шпекулациите се зборува дека и покрај тоа што ќе има ARM процесор и „само“ Mobile верзија на Windows 10, телефонот ќе може да пушта десктоп апликации кога ќе се поврзе со голем монитор преку Continuum функцијата. Microsoft ова веројатно може да го изведе со некој тип на емулатор или пак преку нивните Cloud сервиси, нешто што веќе го може HP Elite X3.

Она за кое се уште не сме најсигурни е што е тоа што ќе го направи овој смартфон различен од другите. Microsoft, односно нивниот извршен директор Сатја Надела, неодамна најави дека нивниот смартфон нема да биде како ништо што досега го има направено конкуренцијата и според тоа можеме да очекуваме и неколку изненадувања.

Всушност, каков процесор ќе има овој уред и колку рам ќе има се веројатно помалку важните карактеристики – тоа што ќе може да го направи со нив е многу поважно. Шпекулации за тастатура и пенкалце секако има, но лично очекувам дека овој уред ќе биде многу повеќе од само намалена верзија на Surface Pro серијата. И скоро сум сигурен дека нема да дознаеме до неговото лансирање, кое веројатно ќе се случи во втората половина од наредната година.

Извор: Tech Radar, Ubergizmo, Nokia Power User

Претходна статијаReFresh “F5” Хакатон
Следна статијаШто е претприемништво и како се основа фирма?