При крајот на минатата година можевме да ја прочитаме нестандардната и интересна вест за тоа дека братот на Пабло Ескобар влегува на пазарот на мобилни телефони, но не било какви, туку тие со екран кој се превиткува.

Escobar Fold 1 беше името на телефонот којшто можеше да се нарача за 350 долари, но никогаш не им беше доставен на купувачите. Од видеата од телефонот кои ги објави Escobar Inc можеше да се заклучи дека телефонот многу наликува на првиот телефон во светот со екран кој се превиткува, FlexPai, а по развојот на работите понатаму, јасно станува дека навистина се работело токму за тој телефон.

Кога почна да се верува дека Escobar Fold 1 нема да биде доставен на никого, тие што го имаат нарачано добиваат мејл во кој им се кажува дека тој телефон веќе не е на залиха, но затоа тие се надградени на Escobar Fold 2 којшто ќе им биде испратен како замена.

За овој нов телефон се истакнува дека ќе биде телефонот којшто ќе го уништи Samsung, а интересно од видеата тој многу наликува баш на Samsung Galaxy Fold. За среќа, Escobar Fold 2 им е доставен на тие што го имаат нарачано, барем на неколку ИТ блогери на YouTube, па станува јасно за каков уред се работи.

Escobar Fold 2 е Samsung Galax Fold на кого се поставени налепници во златна боја и лого од Escobar Inc. Се останато е исто, па останува само прашањето како телефон којшто чини скоро 2.000 долари, Escobar го продаваат за помалку и од 500 долари.

Според едно од видеата кои беа достапни изминатиот период, се работи за уреди кои од Samsung биле означени како недоволно квалитетни, уреди коишто биле вратени и слично.

Заклучокот на крај е дека можеби ова не е некое изненадување кога ќе се земе во предвид за која компанија се работи.

Претходна статијаВо Германија дизелот, а во Бугарија бензинот има 7 проценти биокомпонента
Следна статијаSamsung постигна напредок кај батериите кој може да овозможи електрични автомобили со поголема километража
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.