Главната промена која се очекува од iPhone 14 телефоните оваа година е кај Pro моделите, а се однесува на замената на исечокот на екранот со две дупки за камерата и Face ID системот, каде дупката за Face ID ќе биде во форма на „апче“, како што ги нарекуваат.

Основните модели, односно тие без Pro додавка, ќе останат во главно исти, со таа разлика што оваа година веќе нема да има mini модел, а iPhone 14 генерално ќе има само две големини, односно 6,1 и 6,7 инчи кај iPhone 14 и iPhone 14 Pro, односно iPhone 14 Max и iPhone 14 Pro Max.

Неповрзано со дизајнот, се очекува Apple оваа година да ги издвои повеќе Pro и „обичните“ модели, па наредната генерација од нивниот чип ќе биде вграден само кај Pro моделите, додека обичните ќе работата на A15 Bionic од минатата година. Исто така, се најавува промена на селфи камерата кај Pro моделите, нешто што нема да биде дел од обичните модели.

Некоја посебна разлика во димензиите на уредите не се очекува, но од видеото во продолжение може да се види дека помалите модели ќе имаат по некој милиметар разлика, а тоа посебно се познава кај модулот за камерите кој ќе биде поголем кај Pro моделот.

Споредбата на димензиите се прави со макети направени врз основа на достапните неофицијални информации и маски за iPhone 13 моделите.

Во видеото може да се види е споредба на заштитните фолии за екраните со што се гледа и најавеното намалување на рамките кај Pro моделите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаBitwarden додаде можност за генерирање на кориснички имиња
Следна статијаGoogle ќе овозможи криење на реклами на теми на кои некои корисници се чувствителни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.