Google ја проширува можноста која ја воведе на YouTube пред неколку години, кога им овозможи на корисниците да можат да изберат да не им се прикажуваат одредени реклами, како на пример такви за коцкање и алкохол.

Сега корисниците ќе можат да изберат да не им се прикажуваат реклами како на YouTube, така и на Google Display рекламите, кои се прикажуваат на различни веб страни. Ова нема да важи за рекламите кои се прикажуваат на Google Search, што е очекувано.

Корисниците ќе можат да изберат нови теми кои можат да ги сокријат, а тие теми вклучуваат реклами за родителство и бременост, слабеење и „дејтинг“.

Логиката зад ваквата можност на Google е фактот дека некои луѓе се чувствителни на одредени теми, па не би сакале да гледаат реклами кои ќе им направат да се чувствуваат незгодно и слично.

Можеби ова на прв поглед изгледа добро и корисно како можност, но сепак мора да се истакне дека во денешно време сите се станати чувствителни на секакви теми и решението го бараат во криење, игнорирање или напаѓање на изворот на незгодност, односно се освен справување со проблемите. Можеби треба малку да се намали со практиката на угодување на овие групи, кои во главно се истите кои шират сопствена вистина по светот.

Google и останатите кои имаат платформи за рекламирање секако дека ќе овозможуваат вакви функции, затоа што тоа директно влијае на заработката.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаСпоредба на димензиите на iPhone 14 со iPhone 13 преку макети направени од неофицијалните информации
Следна статијаПретставен Nothing Launcher за да покаже како ќе изгледа Nothing OS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.