Samsung вчера ја претстави Galaxy S25 серијата на нивниот Galaxy Unpacked настан кој се одржа во Сан Хоза, Калифорнија, а стандардно можеше да се следи и во живо преку YouTube.
Иако мислам дека шансите беа мали, сепак неофицијално се најавуваше можноста да биде претставен и четврт модел, покрај стандардните три. Овој модел треба да биде доста потенок од останатите, а вакво нешто веќе со месеци се шпекулира за Samsung и Apple.
Телефонот не беше претставен, но сепак шпекулациите се покажаа како точни дека ваков модел сепак постои и е во план. На настанот, по завршувањето на презентацијата, барем така изгледаше, од компанијата го најавија нивниот тенок Galaxy S25.
Името на овој телефон ќе биде Galaxy S25 Edge, а не како што неофицијално се нарекуваше Slim. Може да се очекува подоцна во годината, но најверојатно пред септември, кога се очекува претставувањето на ваков уред и од страна на Apple.

За Galaxy S25 Edge не беа откриени повеќе информации, па за истото ќе мора да почекаме до официјалното претставување. Сепак, доволна беше најавата на уредот, па сега барем знаеме дека месеците на шпекулации испаднаа во право како што тоа најчесто и е случајот.
Делот од вчерашната презентација каде се најавува Galaxy S25 Edge можете да го погледнете во продолжение.