A8_column_1_p

Samsung оваа недела официјално го претстави најновиот член на Galaxy A серијата на паметни телефони која што е составена од уреди од средната класа. Се работи за како што беше најавувано, досега најтенкиот телефон од Samsung, Galaxy A8.

Galaxy A8 беше претставен во Кина, каде што и ќе биде достапен во периодот што следи. Најава за достапност во остатокот од светот нема, па претпоставуваме дека тоа ќе се случи до крајот на годината.

Што се однесува до спецификациите, A8 доаѓа со 5,7 инчен Full HD Super AMOLED екран, а посебно се истакнува со неговата мала дебелина од само 5,9 милиметри. Тежината на уредот изнесува 151 грам.

Работи на Qualcomm Snapdragon 615 чипсетот кој што вклучува 8 64-битни јадра кои што работат на 1.0 и 1.5 GHz. RAM меморија изнесува 2 GB, а просторот за складирање 16 и 32 GB, со можност за проширување со microSD картичка.

A8_column_2_p

Две работи се истакнуваат кај A8, а тоа се прилично големата батерија со капацитет од 3.050 mAh која што според Samsung треба да овозможи до 304 часа во мирување, како и читачот на отисоци од прсти, нешто што досега беше вклучувано само во моделите од високата класа.

Камерите кои што се дел од A8 вклучуваат 16 мегапикселен сензор за задната камера, како и 5 мегапиксели на предната.

Извор: GSMArena, SamMobile, Samsung (Кинески)

Претходна статијаНаучниците докажаа дека различни луѓе стареат со различна брзина
Следна статијаOculus купи компанија која развива технологија за следење на рацете за виртуелната реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.