Screenshot 2015-07-17 14.35.09

Oculus VR оваа недела купи компанија која што работи на развој на една од најважните елементи за виртуелната реалност. Се работи за израелската компанија Pebbles Interfaces чии што вработени ќе се приклучат на тимот на Oculus.

Pebbles Interfaces работи на развој на технологија за следење на движењата на рацете. Технологијата се основа на развој на посебно направени оптички сензори и останати сензорски системи, како и алгоритми кои што го детектираат и следат движењето на рацете.

Развојот на една ваква технологија во рамките на компанија која што работи на развој на уреди за виртуелна реалност е нешто што ќе придонесе за огромен развој на корисничкото искуство.

Виртуелната реалност е се’ уште во своите почетоци, па корисниците во главно добиваат можност да ја гледаат „реалноста“ преку екрани поставени блиску пред нивните очи, како и можност за менување на погледот, односно 360 степен поглед.

Меѓутоа, една од главните работи кои што се потребни за виртуелната реалност да станува се пореална е можност за интеракција со објектите кои што се прикажуваат.

Можноста корисникот да ги гледа своите раце во виртуелна форма и сите негови движења да бидат пренесени во виртуелниот свет, ќе го означи наредниот чекор во развојот на оваа „научно фантастична“ технологија.

Во видеото во продолжение можете да погледнете кратка демонстрација на можностите на технологијата развиена од страна на Pebbles Interfaces. Може да се види дека сензорите успешно детектираат секакви движења, вклучувајќи ги и прстите.

Извор: Oculus

Претходна статијаSamsung го претстави тенкиот Galaxy A8
Следна статијаWindows 10 Home ќе има задолжителни автоматски надградби
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.