Уште од март почнавме да читаме информации за тоа дека Samsung оваа година планира уште порано да го претстави наследникот на Note 8, кој лани беше претставен при крајот на август, а стана достапен за продажба од половината на септември.

Главната причина за тоа е конкуренцијата, односно во овој случајот може слободно да се каже Apple. Од нив се очекуваа во септември да претстават три нови iPhone модели, сите да бидат направени во стилот на iPhone X, а еден од нив треба да биде и најголемиот досега со 6,5 инчен екран, директен конкурент на Note серијата од Samsung.

Според информации на Bloomberg, Samsung оваа година го планира Unpacked настанот за 9-ти август, а продажбата на уредите би започнала од крајот на месецот, доколку не дојде сепак до одредени промени.

Повеќе информации од изворите на Bloomberg нема, освен дека Note 9 ќе дојде со подобрена камера, како и со подобрен процесор. Што се однесува до дизајнот и останатите карактеристики, изворите истакнуваат дека тие во главно ќе останат исти или слични на ланскиот модел.

Главните новини од Samsung сепак изгледа се очекуваат идната година, поточно со претставувањето на Galaxy S10, или како и да решат да го наречат наредниот S модел. За Galaxy S10 се очекува да биде првиот телефон од Samsung којшто конечно ќе ја донесе технологијата на сензор за отпечатоци под екранот, нешто што корисниците го очекуваат веќе од S9-ките.

Веруваме дека информациите на Bloomberg се точни, па може да се очекува претставување на Galaxy Note 9 за веќе скоро два месеци од сега.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаИднината на онлајн забавата: Што ќе ни привлекува најмногу внимание?
Следна статијаКако функционира алгоритамот на Instagram, односно како одлучува што ќе ни прикаже на листата со нови објави?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.