Samsung

Note смартфоните Samsung обично ги претставува на крајот од летот, односно некаде во август или септември, а стануваат достапни во продажба од септември. Минатата година Note 8 беше претставен на 23 август, а стана достапен во продажба од 15 септември.

Според информациите од The Korea Herald, оваа година Samsung малку ќе го забрза целиот процес, а новиот Note 9 ќе го претстави во јули/август периодот. Според овој медиум, производството на OLED екранот за уредот ќе започне со производство порано, односно веќе наредниот месец.

Како главна причина за ова се наведуваат најавените три нови модели кои треба да ги претстави Apple, обично во септември, за кои се верува дека ќе бидат направени во стилот на iPhone X. Тоа значи дека сите ќе бидат направени без рамка од страните, а во горниот дел само веќе познатиот исечок.

Истиот извор истакнува дека големината на екранот на Note 9 ќе биде малку зголемена, па тој ќе има екран со големина од 6,38 инчи, наспроти 6,32-те инчи кај 8-цата.

Веќе можевме да прочитаме дека во Note 9 се планира и поголема батерија од 3.850 mAh, што е задоволително зголемување од моменталните 3.300 mAh кој ги има Note 8.

Покрај поголемата батерија, се најавува и сензор за отпечатоци сместен под екранот, меѓутоа The Korea Herald и уште неколку други извори тврдат дека тоа нема да биде случајот. Сензорот ќе си го задржи местото на задната страна, а можно е само нешто подобро негово сместување, исто како во случајот со S9-ките.

ИЗВОРTechnoBuffalo
ИЗВОР 2The Korea Herald
Претходна статијаФејсбук, Гугл, внимавајте: Доаѓа новиот закон за приватност
Следна статијаiOS 11.3 достапен за сите корисници со најавената Battery Health функција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.