galaxy-a7

Samsung за првпат ја претстави Galaxy A серијата на крајот од Октомври оваа година наменета за помладите корисници и сместена во средната класа на пазарот. Претставени како најтенките телефони од компанијата до сега и доаѓаат со целосно метално тело без можност за отворање на задниот дел.

Samsung веќе одреден период се критикувани за користењето на пластика во своите најскапи модели, а тоа не го промени многу со воведувањето само на метална рамка, но не и на задниот дел. A серијата може да се каже дека е еден вид на вовед во тоа што може да се очекува од компанијата во идните поскапи модели, односно за 2015 година.

Иако уште не е официјално најавен, според информациите кои што првпат беа забележани од страна на PhoneArena порталот, Samsung се спрема да претстави уште еден модел од A серијата кој што ќе биде подобар од претходните два. Телефонот е забележан на страната на кинеската агенција за сертификација на телекомуникациска опрема.

Според информациите кои што се прикажани, Galaxy A7 ќе биде до сега најтенкиот мобилен телефон од Samsung. Со неговата дебелина од само 6,3 милиметри, тој е потенок од до сега најтенките Galaxy A3 и Galaxy Alpha.

Што се однесува до другите карактеристики на овој модел, тој ќе биде подобар од двата модели во неговата серија и со тоа се поставува како предводник во високата средна класа. Ќе вклучува поголем 5,5 инчен екран со Full HD резолуција и димензии од 150.9 x 75.9 x 6.3 mm. Треба да работи на 64-битниот Snapdragon 615 чипсет со осум јадрен процесор на 1.5 GHz и 2 GB RAM меморија. За складирање на податоци ќе вклучува вградена меморија со капацитет од 16 GB без можност за додавање на SD картица. Камерите ќе вклучуваат 13 и 5 мегапикселни сензори соодветно, а ќе доаѓа и со LTE конектибилност.

Телефонот треба да биде достапен на кинескиот пазар, а нема информации за тоа кога би бил достапен за остатокот од светот. Цената уште не е објавена, меѓутоа според карактеристиките, а и класата на A серијата, треба да има пониска цена од најдобрите модели од оваа компанија.

Извор: PhoneArena, Cnet, GSMArena

Претходна статијаИстражувач има откриено начин за пробивање на PayPal сметки со еден клик
Следна статијаSamsung започна со пуштање на Android 5.0 надградбата за Galaxy S5 во Полска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.