Иако повеќето корисници се надеваат на нешто вакво, тие најдобро знаат дека ова не е стандарден потег на Samsung. Тие обично ја пуштаат најновата верзија од Android меѓу последните од производителите, па оваа информација дефинитивно е подобрување и ќе расположи доста корисници.
Samsung од оваа недела започнува со пуштање на Android 5.0 Lollipop надградбата за корисниците на Galaxy S5 (SM-G900F) моделот, поточно за корисниците во Полска. Информација за тоа кога останатите европски корисници ќе ја добијат надградбата нема, но ова покажува дека таа е спремна, па времето на чекање не може да биде многу поголемо.
Инаку, информации за тоа што ќе донесе надградбата имаше повеќе пати. Она што е позитивно е што Samsung ќе намали до некаде од нивниот TouchWiz на сметка на новите функции кои што доаѓаат со новата верзија од оперативниот систем. Исто така апликациите кои што ги прави оваа компанија, како и одредени други елементи од корисничкиот интерфејс се направени со новите Material дизајн правила.
Како изгледа S5-ката со најновата верзија можете да видите на следното видео од SamMobile.
Извор: SamMobile