Последниве неколку години, особено голем хит кај понежниот пол (па и кај посилниот) е црвената боја на телефоните. Сега и Samsung влегува во играта со ваков смартфон, точно на време на божиќните празници, кога се купуваат подароци за своите најблиски. Новата „Бургунди Црвена“ боја ќе биде достапна кај Galaxy S8, но останатите спецификации ќе останат исти (и за среќа рамката околу предното стакло повторно ќе биде црна).

Бојата инаку се вика „Бургунди Црвена“, бидејќи ја менува нијансата зависно од осветленоста однадвор. Ова е и логично бидејќи Galaxy S8 е изработен од стакло, кое има многу различна рефлексија зависно од тоа дали се наоѓа во потемна или посветла просторија. Според Samsung, при силна светлина, како на пример преку ден позадината на овој телефон ќе изгледа „светло црвено“, додека во потемна атмосфера ќе изгледа како „бургунди боја“, односно нешто слично на „бордо“ кај нас.

Засега Galaxy S8 “Red Burgundy” ќе биде понуден на домашниот пазар во Јужна Кореја и иако не е најавено дека ќе се продава на другите пазари, јас не се ни сомневам  во тоа, бидејќи скоро сигурно овој модел ќе биде успешен. Единствена непозната е цената на телефонот во оваа боја, која би може а да биде повисока од веќе спуштените цени на останатите во понудата.

Да потсетам, Galaxy S8 и натаму се перчи со моќни спецификации, како Exynos 8895 чип помогнат од 4 GB рам и 64 GB простор, одлична задна камера со 12 мегапиксели и предна со 8 мегапиксели, батерија од 3.000 mAh и извонреден 5,8 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 2960х1440 пиксели. Galaxy S8 Red Burgundy и натаму ќе се испорачува со Android 7.0 Nougat.

Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, Samsung

Претходна статијаВо минатото тримесечје, за прв пат продадени преку 1 милион VR „очила“
Следна статијаКвантната енкрипција достигна доволно високи брзини за заштита на телефонски повици