Третото видео од серијалот за одличниот Galaxy S8+ го продолжуваме со претставување на екранот и карактеристиките на телефонот.

Што се однесува до софтверот, иако има одредени новини, сепак главната карактеристика која привлекува внимание кај 8ците е екранот. Тој е направен да скоро и нема рамка околу него, односно мала рамка има само на горниот и долниот дел, додека од страните екранот е заоблен.

Заобленоста на екранот на е нешто ново кај Samsung, меѓутоа според нас овој пат таа е изведена најдобро. Во претходните модели заобленоста беше поголема, па иако уредите имаат голема популарност, не сме баш сигурни дека функционалноста беше доволна.

Во S8 моделите, екранот е доволно заоблен за да нема рамка од страните, но не премногу за да почне да смета во користењето. Одлично изведено од страна на Samsung.

Во видеото во продолжение можете да погледнете за што мислиме, односно погледнете го 3тото продолжение од серијалот Samsung Galaxy S8+, овој пат со акцент на екранот и карактеристиките.

Претходна статијаВнимателно со лековите доколку се подготвувате за патување
Следна статијаПротекоа информации и фотографии од откажаниот Surface Mini
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.